ВестиКултураМакедонијаМакедонци во светот

Збирката ,,СРМА за Ацо Шопов“ на здружението Македониум промовирана и во Скопје

Двојазичната збирка на поезија и есеи посветени на Ацо Шопов, по повод одбележувањето на 100 годишнината од неговото раѓање, во издание на здружението ,,Македониум” од Белград, промовирана е и во Скопје, во Домот за култура ,,Кочо Рацин” со помош и поддршка на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Програмата ја отворија Зорица Митровиќ, претседателката на здружението Македониум и Билјана Костова од Агенцијата за иселеништво.

Христо Петрески, еден од рецензентите на збирката и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија истакна дека преку песните и есеите на големиот број автори, читателите, односно консументите на овој значаен проект уште еднаш се среќаваат со творештвото на Шопов и се уверуваат во неговата безвременост и големина.

  • Во оваа книга љубовта нема мерка, таа е немерена и безмерна, но и безвремена. Па, посакувам почесто да има вакви и слични специфични, сеопфатни и трајни проекти, кои се показ и доказ на заедништвото, на вештачките и речиси непостоечки граници, препреки и бариери. Уметноста, творештвото и духот не можат, не треба и не смеат да се сепарираат. Тие се како птици кои слободно надлетуваат и преминуваат секаде каде што ќе посакаат. Во таа безграничност, слободен простор и внатрешна и надворешна ослободеност, творечка енергија, креација и креативност, ги пронаоѓаме и согледуваме и сите најголеми доблести и неменливи и неминливи атрибути содржани во оваа книга – истакна Петрески.

Тој посочи и дека оваа збирка е и единствена книга за Шопов издадена надвор од Македонија, и изрази честитки за иницијативата и реализацијата на оранизаторите на овој проект.

Авторите кои беа застапени во книгата ја збогатија програмата со читање на пишаните творби, а секој од нив доби и благодарница за учество во проектот. Меѓу нив се Маја Трајковиќ, Маја Мојсова, Марина Икономова Шокева, Вера Андон, Зинка Трендовска, Кристина Лазоска, Весна Тодоровска. На поетесата Елизабета Дончевска Лушин врачен и е оргинал цртежот на сликарката Елизабета Јорданоски ,,Небиднина” кој што се наоѓа на кориците на книгата.

Бидејќи проектот е реализиран и по повод 15 години на здружението Македониум, претседателката им се заблагодари на сите што присуствуваа на промоцијата, а на соработниците и пријателите на здружението им врачи по една книга. Меѓу нив беа и проф. Виолета Ачковска, проф. Катерина Тодоровска, Јадранка Клисарова, Тодор Петров, Елена Пренџова, како и доскорашниот член на Управниот одбор на здружението, кој што се пресели да живее во Скопје Синиша Новески.

Настанот го збогати и актерката Наде Дојковска, која што на почетокот и на крајот ги рецитираше стиховите од Шопов.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button