МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ЖЕНИТЕ ВО ШАХОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА

Во денешниот текст ке се осврнеме на жените во шахот, со посебен осврт на светскиот шампионат во шах и шампионките.

Периодот пред Првата светска војна

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) е основана во 1924 година со што брзо дојде идејата за преземање на контролата врз Светското шаховско првенство.

Но и пред тоа се играше за титулата Светски шампион во шах, но сепак се работеше за неформални настани. Овој период се карактеризира со доминација на шахистката Вера Менцик.

Вера Менчик на поштенска марка во 2001 година

Периодот од 1949 до 1991 година

Првото официјално светско првенство во шах за жени се одржало во 1949 година во Москва, а титулата ја има освоено Људмила Руденко.

Во навадениот период беше воспоставен натпреварувачки систем, кој вклучуваше конкуренција на кандидатки за избор на предизвикувачот кој ќе се соочи со актуелниот шампион.

Овој период бил познат како „советска ера на женскиот шах“ поради целосната доминација на шахистките од тогашниот Совјетски Сојуз.

Пост Совјетска ера 1991-2010. година

Тој период се карактеризира со доминација на трите сестри Полгар Сузан, Софија и Џудит. Сепак, тие имаат тенденција да се натпреваруваат на отворени турнири, избегнувајќи го женскиот шампионат. Инаку, Jудит Полгар важи за најдобра светска шахистка на сите времиња, која во текот на својата кариера успеа да ги победи и најголемите светски шаховски имиња како шо се Гари Каспаров и Анатолиј Карпов.

Јудит Полгар

Периодот од 2010 до 2018 година

Почнувајќи од 2010. година, Светското првенство во шах за жени се одржува секоја година во наизменични формати. Во парните години би се користел нокаут систем за 64 шахистки, во непарни години би се одржувал класичен натпревар со само две шахистки.

Поради различни организациски и временски проблеми, првенствата често отстапуваа од планираниот годишен календар во последниве години, па поради тоа ФИДЕ го одржа и вториот Светски шампионат во 2018. година со цел да се врати на распоредот.

Список на светски шампионки во шах

Име ПериодДржава
Vera Menchik1927–1944 (незванична организација турнира) Russia /  Czechoslovakia /  United Kingdom
Lyudmila Rudenko1950–1953SSSR
Elisaveta Bykova1953–1956SSSR 
Olga Rubtsova1956–1958SSSR 
Elisaveta Bykova1958–1962SSSR 
Nona Gaprindashvili1962–1978SSSR 
Maia Chiburdanidze1978–1991SSSR 
Xie Jun1991–1996 China
Susan Polgar1996–1999 Hungary
Xie Jun1999–2001 China
Zhu Chen2001–2004 China
Antoaneta Stefanova2004–2006 Bulgaria
Xu Yuhua2006–2008 China

Име ПериодДржава
Vera Menchik1927–1944 (незванична организација турнира) Russia /  Czechoslovakia /  United Kingdom
Lyudmila Rudenko1950–1953SSSR
Elisaveta Bykova1953–1956SSSR 
Olga Rubtsova1956–1958SSSR 
Elisaveta Bykova1958–1962SSSR 
Nona Gaprindashvili1962–1978SSSR 
Maia Chiburdanidze1978–1991SSSR 
Xie Jun1991–1996 China
Susan Polgar1996–1999 Hungary
Xie Jun1999–2001 China
Zhu Chen2001–2004 China
Antoaneta Stefanova2004–2006 Bulgaria
Xu Yuhua2006–2008 China

Организацијата на женското светско првенство (финале) со текот на времето се менуваше, така на пример, во периодот до 1999. година се играле по 16 натпревари, а од 2000 година организацијата на турнирот главно се одвива по нок-аут принципот, со учество на 64 шахистки. Последното првенство од 2020 година се играше по принципот 12 мечеви плус тај-брејк, се разбира доколку резултатот беше изедначен по 12. меч.

Инаку, најмногу освоени светски првенства во шах имаат:

Нона Гаприндашвили – 5 титули

Маја Чибурданиџе – 5 титули

Ксие Јуни – 4 титули

Хоу Јифан – 4 титули

Ју Венџун – 3 титули

Елисавета Бикова – 3 титули

Инаку, светското првенство во шах за жени е планирано да се одржи летото 2023. година. Бранителот на титулата е Ју Венџун од Народна Република Кина.

Ju Wenjun – Актуелната светска шампионка во шах

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button