МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКИ ОТВОРАЊА

Во денешниот текст ке се осврнеме на уште некои шаховски отоврања, со кои би секој шахист требало да биде запознаен, но малце ке бидеме пристрасни со “Белградскиот гамбит”, мислам дека причината е повеке од јасна.

1. “Белградскиот гамбит” е агресивeн вид на шаховско отворање која произлегува од играта на Шкотските четири ловци и се карактеризира со следните потези:

1. е4 е5

2. Nf3 Nc6

3. Nc3 Nf6

4. d4 exd4

5. Nd5

Најчестиот потег на белиот по 4…exd4 е повторното заземање со 5. Nxd4 но Nd5 дозволува белиот да премине во белградскиот гамбит. Предноста на наведеното отворање е во тоа што вашиот противник веројатно не езапознаен како правилно да одреагира. Добрата работа за оваа варијација е што ако играте 1. e4 2. Nf3, ќе добиете многу можности да го испробате ова бидејќи е прилично лесно да се префрлите на игра со четири ловци.

Белградскиот гамбит првпат беше одигран во Берлин на 12 март 1938 година, помеѓу Курт Риктер и Алберт Бекер. Рихтер загуби од Бекер и наводно никогаш повеќе не го искористи отворањето.

Шест години подоцна, во еден Белградски шаховски клуб, младиот талент Михајло Трајковиќ ја пронашол играта Рихтер-Бекер во германскиот шаховски прирачник со наслов „Како да не се игра шах“.

По понатамошно разгледување, Трајковиќ откри дека отворањето има повеќе заслуги отколку што беше дадено, го анализираше во голема мера и беше одговорен за неговото име и популаризација.

2. “Napoleon opening

Отворањето на Наполеон е именувано по францускиот генерал и император Наполеон Бонапарта, кој имал длабока љубов кон шахот, но се вели дека бил е просечен играч.Името стапи во употреба откако публикациите од средината на деветнаесеттиот век објавија дека тој го одиграл ова отворање во шаховската партија од 1809 година.

Мана на ова отоврање е во тоа што е предвремено активирање на кралицата и се карактеризира со следните потези:

1. e4 e5

2. Qf3

Целта на ова отоворање е брзо матирање на противникот со кралиацата.

4. “Bishop’s Opening”

Отворање со ловецот е офанзивно шаховско отворање кое што започнува со следните потезите:

1. е4 е5

2. Bc4

Наведеното шаховско отварање е едно од најстарите отворања кое беше проучувано од страна на Лусена и Руј Лопез, а подоцна го играше Филидор.

Ларсен беше еден од ретките велемајстори што често практикување ова отворање на позначајните турнири.

Иако отворањето на ловецот е невообичаено денес, повремено се користи како изненадување дури и од играчи како шо е Гари Каспаров. Постојат голем број на варијации на ова отоврање о који најпозната е “Берлинската одбрана“. Целта на ова отоврање се создавање на константен притисок на противникот преку ловецот на ф7.

Секое од навадените шаховски отворања има своји предности и мани, доколку планирате брза победа без многу калкулации….. „Napoleon opening“, но тоа зависи и од вашиот противник.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button