МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКИТЕ ОТВОРАЊА 2

Во денешниот текст ке се осврнеме на уште некои шаховски отворање, со који би требало да бидете запознаени.

Alekhine’s Defense

1.e4 Nf6

Отворањето е именувано по Александар Алехин, четвртиот светски шампион, кој го одиграл ова отворање во двata од неговите натпревари на турнирот во Будимпешта во 1921 година.

Одбраната на Алехин е хипермодерно отворање од перспектива на црниот. Целта е да се преземе просторот во центарот со потезите 2.e5 Nd5 3.c4. Шахистот со црните фигури тогаш има намера да ги нападне и да ги поткопа централните пиони на белиот.

Budapest Gambit

1.d4 Nf6 2.c4 e5

 Будимпештанскиот гамбит е шаховско оторање предвидено за црните, инаку локацијата на првата позната партија која ги содржи потезите 1.d4 Nf6 2.c4 e5 беше шаховската партија на Адлер-Мороци (играна во Будимпешта во 1896 година).

Ова отворање најчесто се користи за изненадување против играчите кои веројатно не се во можност да се запознаат со теоријата на отворање. Тоа е агреисвно отоврање на црниот, предизвикувајќи го центарот од самиот почеток и потенцијално започнувајќи сеопфатен напад врз белиот. Белиот не треба да се обидува да го задржи својот пион на е5 бидејќи тоа му иде во полза на црниот. Наместо тоа, белиот треба да се стреми да го врати пионот под поволните услови.

Catalan Opening

1.d4 Nf6 2.c4 e6 3.g3

Каталонското отворање е отворање за белиот, именуван по Каталонија, место на турнир во Барселона, во 1929. година, каде организаторите побараа од полско-францускиот велемајстор Савиел Тартаковер да создаде нова варијација во чест на шаховската историја на оваа Шпанска регија.

 Целта на ова отворање е да се стекне цврсто позиција во центарот, а потоа да изврши притисок врз страната на кралицата. За таа цел, белиот ловец на g2 игра истакната улога во kаталонското отворање и ќе ги координира своите напори особено со белиот пешак.

Petrov’s Defense

1.e4 e5 2.Nf3 Nf6

Ова е отворање за црниот, именувано по Александар Петров, рускиот шахист, кој го популаризираше отворањето во средината на 19 век.

Со одржување на играта апсолутно симетрична, црниот може да постигне многу солидна, ако е непредвидлива, позиција.

„Одбраната на Петров“ се смета за  солиден старт и поуздан старт на црниот со што му се одзема почетната предност на белиот. Во пракса често  се применува на турнирите.

Philidor’s Defense

1.e4 e5 2.Nf3 d6

Ова отоворање е предвиденио за црниот, именувано по познатиот шахист од 18 век, Франсоа-Андре Даникан Филидор.

Целта на ова шаховско отворање е создавање на компактна одбрана, бидејќи се избегнува  создавање на било какви слабости во одбраната.

Ова отоворање може да биде многу ефикасно доколку вашата цел е да ги ограничите опциите на белиот играч.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button