ВестиКултура

Тетовската претстава пред белградската публика на манифестацијата ,,Ноќ на театарот”

Долгогодишната соработка на здружението Македониум од Белград и Драмското студио од Тетово уште еднаш резултираше со успешен настан во Белград, овој пат во рамките на манифестацијата ,,Европска ноќ на театарот“ а по повод одбележувањето 15 години од основањето на здружението.

Вистинско уживање на публиката во Центарот за култура Чукарица приреди актерката Наташа Петровска, во насловната улога на претставата ,,Иконија, пардон матмазел Ика“ која врз низа комични приказни и ,,тетоски гачке” ја прошета публиката низ 70ти и 80 ти години во Тетово.

Низ оваа монодрама режисерскиот двоец Глигорије Стојановски-Гиге и Игор Бачоски-Бачо многу умешно ги спои минатото, сегашноста и иднината. Драмскиот текст е на тетоецот Јован Дамјановски, инспириран од вистински лик, жена која се бавела со ,,најстариот занает” во Тетово, но и во Брисел.

Пред почетокот на претставата, публиката ја поздрави директорот на манифестацијата ,,Европска ноќ на театарот“ Пеѓа Милојевиќ, кој им посака добредојде на гостите од Тетово и го честита роденденот на здружението ,,Македониум“. Вечерта ја посвети на неодамна починатиот доајен на македонското глумиште Мето Јовановски, за кого е одржана и минута молчење.

Традиционално дружење на здружението Македониум и Драмското студио од Тетово

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button