МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

СИЦИЛИЈАНСКА ОДБРАНА

Во денешниот текст ке се осврнеме посебно на Сицилијанската одбрана, едно од најзастапените и најанализираните шаховски отворања.

Сицилијанската одбрана е шаховскo отворaње за црните кое што започнува со следните потези:

1. е4 в5

Сицилијанецот е најпопуларниот и најдобриот одговор на првиот потег на белиот 1.e4

Сатистички гледано 17% од сите игри меѓу велемајстори започнуваат со Сицилијанската одбрана.

Сицилијанската одбрана е едно од најстарите познати отворања во шахот Инаку за прв пат Италијанскиот шахист Полерио го спомнал ова отворањето во 1594. година, кое подоцна било анализирано и од други италијански шахисти. Натпреварот помеѓу Луј-Шарл де Ла Бурдоне и Александар МекДонел за неофицијалната титула светски шампион помогна да се популаризира отворањето во 1834 година.

Почетна позиција

Отворањето стана популарно во втората половина на 20 век, кога стана стандарден дел од играта на шахистите како шо се Александар Котов, Бент Ларсен, Марк Тајманов и Михаил Тал. Подоцна, поранешните светски шампиони Фишер и Каспаров ја зацементираа репутацијата на отворањето како една од најдобрите опции за борба против 1.e4.

Сицилијанската одбрана започнува по потегот 1.e4 c5, кога црниот одлучува да ја избалансира позицијата уште од стартот. Причината на црниот зад потегот 1…c5 е да се бори за својот дел од центарот (конкретно, d4- квадратот) со крилната позиција.

Sicilian Defense: Najdorf Variation

“Наидорф варијација” е една од најпопуларните варијации во сицилијанската одбрана и често е користена и од страна на Фишер и Каспаров. Започнува по потегот 1.e4 c, а следет потезите 2.Nf3 d6 3.d4 ckd4 4.Nkd4 Nf6 5.Nc3 a6. Црниот 5…a6 подготвува контра-игра на страната на дамата додека ја одржува флексибилноста. Теоретски, оваа шаховскоотворање обично води до сложени шаховки партии со изобилство на тактички способности.

Sicilian Defense: Dragon Variation

“Змејската варијација” се карактеризира со следните потези 1.e4 c5 2.Nf3 d6 3.d4 ckd4 4.Nkd4 Nf6 5.Nc3 g6. Оваа варијација е една од најагресивните за црните и генерално најдобрата варијанта за црниот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button