Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо Продукција

Ристо Василевски

Поет, преведувач, издавач, академик

Роден во 1943 година. Двојазичен, подеднакво присутен во македонската и во српската литература, досега има објавено осумдесетина поетски книги, антологии и избори, а од македонски на српски и обратно превел повеќе од стотина дела.

Член е на Македонската академија на науките и уметностите, на Словенечката академија на книжевноста и уметностите (Варна, Бугарија), на Руската академија за литература, на Академијата за книжевност и уметност на Украина, на Меѓународната асоцијација на писатели ( Рига, Латвија), Друштвото на македонските писатели, Друштвото на писателите на Србија и Здружението на литературни преведувачи на Србија.

Застапен е во голем број антологии на современата светска, југословенска, српска и македонска поезија. Неговите дела се преведени на дваесет странски јазици (англиски, француски, руски, белоруски, украински, ерменски, словачки, полски, германски, шведски, романски, бугарски, албански, хинди…) и повеќе од двесте литературни критичарите пишувале за неговата поезија. Добитник е на наградата Струшките вечери на поезијата Браќа Миладиновци, наградата Наџи Нааман во Бејрут, Меѓународната награда Балкан и Европа, домашни награди од Милан Ракиќ, Раде Обреновиќ, Србољуб Митиќ и многу други.

Ристо Василевски ги уредуваше списанијата за литература, уметност и култура „Смедерево“ и „Моравска лира“, весникот „Сутра“, информативно-политичката ревија „Македонска виделина“, списанието за деца „Ѕуница“ („Дуга“). Автор е на концепцијата на НИУ „Македонски информативен и издавачки центар“ во Панчево и негов прв главен и одговорен уредник. Тој е иницијатор и прв директор на традиционалната манифестација Денови на македонското творештво во Србија „Себи во поход“. Бил главен уредник на списанието „Видело“, а сега е член на уредничките одбори на списанието „Монс ауреус“ и на весникот „Књижевне новине“. Бил претседател на Одборот за службена употреба на јазикот и писмото во Македонскиот национален совет, во мандатот 2010 – 2014 година.

Во 1993 година ја основа издавачката куќа „Арка“. Како директор и главен уредник објавил многу дела од српски и странски писатели, посредувал многу дела на српски писатели да бидат преведени на странски јазици. Еден е од основачите на Меѓународниот фестивал Смедеревска поетска есен.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button