ВестиМакедонијаОтворен Балкан
Од летово граѓаните на Србија, Македонија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи
Од летово граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. Ова го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на социјалните медиуми.
„Драго ми е што заеднички можеме да најавиме дека од летово оваа година можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност. Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, пишува Ковачевски.
Според него Отворен Балкан носи отворени можности за сите бидејќи заеднички се развива регионот по европски стандарди.