ВестиМакедонија
Актуелно

Заеднички чекор напред: Институционална поддршка за Македонскиот национален совет

Во Владата на Република Македонија беше реализирана значајна средба меѓу делегација на Македонскиот национален совет, претставниците на македонските здруженија и политичките партии и највисоките претставници на извршната власт, посветена на унапредување на положбата на македонската заедница во Република Србија.

Делегацијата оствари разговор со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Средбата се одвиваше во дух на отворен и конструктивен дијалог, при што беа разменети ставови и иницијативи насочени кон зајакнување на институционалната соработка и координирано делување во интерес на македонската заедница. Во фокусот беше потребата од поинтензивна комуникација и синхронизација на активностите, при што беше потврдена улогата на Македонскиот национален совет како клучен и обединителен фактор во процесот на поврзување и застапување на Македонците во Србија.

Соговорниците ја истакнаа важноста од сплотеност, меѓусебна поддршка и заедничко дејствување како предуслов за создавање посилен и поорганизиран глас на заедницата, но и за обезбедување долгорочна стабилност и развој.

Средбата добива дополнителна тежина во пресрет на одбележувањето на значајниот јубилеј – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, кој ќе биде одбележан со низа активности во текот на годината. Овој настан претставува не само историски потсетник, туку и можност за нов импулс во унапредувањето на положбата и видливоста на македонската заедница во Србија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button