Недела на МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА!
Во најновата епизода на емисијата „Македонско сонце„ имавте можност да ја испратите репортажата по повод на гостувањето на ансамблот на Народниот театар – Битола којшто гостуваше на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад со претставата ,,Бакхи – краток преглед на распадот”.
Претставата требаше да биде изведена во рамките манифестацијата „Игорови денови-Омаж за Игор Вук Торбица” – културен настан на кој театри од повеќе држави настапија со претстави чиј режисер бил Игор Вук Торбица, оддржан од 24 до 28 февруари во Српскиот народен театар во Нови Сад и Народниот театар во Белград, но поради влошената епидемиолошка состојба истата беше откажана.
Претставата, работена по мотивите на Еуриподовите ,,Баханткињи” се состои од три дела – Денес, Вчера и Утре. Првиот дел е потполно допишан, како што објаснуваше Торбица и импровизиран во денешните невралгични точки на светот во кој живееме, вториот дел се самите Баханткињи собрани во својата поставка, а на крајот доаѓа епилогот кој што се изведува без зборови, врз постапки.
Играат Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски , Васко Мавровски, хороводецот Викторија Степановска Јанкуловска, а во хорот на Бакхите се Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска
Продолжението на емисијата беше посветен на „Денови на мекедонската култура„ којшто беа организирани во Вршац. Здружението „Вардар„ организираше поетската вечер наречена „Срцето не е камен„.
- Нашето здружение „Вардар„ припреди една културна манифестација во културниот центар во Вршац каде што ја претставивме поезијата од македонските автори и каде што ќе го претставиме и работата на нашето здружение во 2021. година. Горди сме многу на нашите членови, на нашите пријатели. Сакаме да шириме мултикултуралност на територијата од општината Вршац, сите заедно да се дружиме и убаво да се чувствуваме – изјави Весна Мицевска Антал, претседателката на Здружението „Вардар.
Остатокот од емисијата беше посветен на пеачка група „Исток 10„ од Вршац, кои се претставија со прекрасните интерпретации на македонските народни песни.