ИнформирањеТВ емисии
Македонско Сонце-17 05 2026

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Во КИц во Белград отворена е изложбата ,, Куварице мање збори“ од авторката проф.Јана Јакимовска
-Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград, се одржа музичко-поетско матине ,,Млади умететници- гласови на традицијата и иднината“
-Репортажа од поранешното интервју со фамилијата Стефанов од Нови Сад, која се занимава со изработка на кори и други производи од тесто
-Разговаравме со Филип Наков, претприемач, човек кој со голема верба и труд успеа да ги оствари своите соништа
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски