ВестиКултура
Актуелно

Оддадена почит на Светите Кирил и Методиј во Белград

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Македонскиот национален совет со особена чест организираше полагање венци пред споменикот на светите браќа во Белград, дело на истакнатиот македонски скулптор Томе Серафимовски.

Со овој свечен чин беше оддадена почит на делото на двајцата просветители кои ги поставија темелите на словенската писменост, образование и духовност, оставајќи им на генерациите непроценливо наследство – словото, знаењето и културниот идентитет.

Нивната мисија и денес живее преку јазикот што го зборуваме, книгите што ги читаме и вредностите што ги пренесуваме на идните поколенија. Светите Кирил и Методиј остануваат симбол на просветителството, културниот развој и духовното единство на словенските народи.

Венци положија и претставници на здружението Македониум од Белград, Здружението за заштита и негување на обичаите на Македонците во Србија, Здружението „Кочо Рацин“, како и амбасадорот на Република Македонија во Република Србија и директорот на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Белград.

Со заедничкото одбележување на овој значаен ден уште еднаш беше потврдена важноста од негувањето на македонскиот јазик, култура и духовно наследство, како трајни вредности што ги поврзуваат Македонците каде и да живеат.

Нека е честит 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј!

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button