МАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Мезалак

Кумановскиот мезалак е јадење негувано и сочувано од рецептите на кумановските баби и е се негува и ден денес. Да не се заборави да се напомене дека некогаш со оваа јадење се комбинирало овчо сирење со домат. Денеска се комбинира и се прави според вкусови. Најдобар мез’л’к како што го нарекуваат Кумановчаните го сервираат во земјена тава. Тајната на оваа јадење се крие во рецептот. Во кое и време да е сервирано, напросто тавата останува празна. По некоја проценка оваа јадење станало фамилијарно јадење во многу македонски куќи и се приготвува со љубов и желба за пријатен семеен ручек.

Состојки :
300 гр- Јагнешки црева;
500 гр- Јагнешко месо;
300 гр- Црн и бел јагнешки дроб ( јагнешка марамица);
1 главица кромид;
2- домати;
3- свежи зелени пиперки;
Магдонос;
3 чешчиња лук;
Коцка за супа;
1 лажица мелен црвен пипер;
50 гр- брашно;
Ловорови листови;
Масло за јадење;
Сол;
Бибер.

Начин на подготовка :
Кромидот ситно исецкајте го. Пиперките исчистете ги од семките и исецкајте ги на парчиња.
Доматите ставете ги кратко во врела вода за да може полесно да ги излупите. Потоа исецкајте ги на коцки.
Кромидот ставете го да се пропржи на малку загреано масло. По неколку минути додадете ги и сецканите пиперки. Промешајте. Оставете ги да се динстаат 3-4 минути. Посолете. Потоа додадете ги и сецканите домати.
Ако јагнешкото месо е со коски, остранете ги коските и исечете го на парчиња.
Во едно тенџере ставете вода да се загрее и додадете ја коцката за супа.
Во друга тава на рингла ставете масло да се загрее.
Исецкано јагнешко месо и дроб наросете ги со сол и бибер и измешајте ги со раце. Потоа увалкајте ги во брашно.

Вака подготвени парчиња месо и дроб ставете ги да се пржат во тавата на рингла.
Во прва тава во која се пржи зеленчукот сипете од супата и промешајте.
Плетенката од јагнешки цревца исечете ја на парчиња. Наросете ги со сол и бибер.
Во тавата со зеленчук додадете 1 лажица мелен црвен пипер и промешајте. Потоа во тавата додадете го сецканиот лук и листовите ловор. Повторно сипете од супата од коцка. На крај додадете го испрженото месо и дроб. Промешајте и покријте ја тавата со капак.
Во тавата во која се пржеа месото и дробот додадете уште масло за јадење. Парчињата јагнешки цревца увалкајте ги во брашно и ставете ги да се пржат во тавара.
Магданосот ситно исецкајте го и додадете го во тавата со месо и зеченчук. Потоа додадете ги испржените јагнешки цревца. Промешајте. Додадете бибер по вкус.
Содржината од тавата претурете ја во земјана тава. Додадете уште малку сецкан магданос.
Целата содржина во земјаната тава покријте ја со јагнешка кошулка. Потоа тавата покријте ја со капак и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 целзиусови степени 10-15минути.
Извадете ја тавата од рерна и ставете ја на работна маса. Со нож кумановскиот мезалак исечето го на парчиња и ставете ги чинии за сервирање.

Начин на сервирање :
На Кумановски начин мезалакот се сервира во земјани тањири кои што ја одржуваат топлината на јадењето и ја одржуваат традиционалноста во едно. Во минатото оваа јадење се сервирало со овчо сирење, но денеска може да се декорира со магданос, изецкани зеленчуци и мелен црн пипер, кој дава посебен вкус. Над јадењето најчесто се додаваат парчиња на ловорови листови кои исто така вкусот и мирисот на јадењето го збогатуваат. Може со јадењето да се комбинира салата и ракија. Исецката туршија, зелка со зачин, краставички, комбинација со патлиџан и карфиол.

Исто така добро се комбинира и запечени лепчиња. Во комбинација со мезалакот може да се стави исецкана печеница. Бидејќи мезалакот има специфичен и јак вкус некои имаат желба да консумираат бело вино, но кумановчаните традицијата ја одржуваат со ракија. Со добро сервирано јадење, вкусно зготвен специјалитет и добар и пријатен амбиент секое Македонско јадење е вкусно и специјалитет. Како блад додаток на оваа јадење или десет се сервира баклава со мармелад.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button