Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо Продукција

Маја Оџаклиевска

пејачка на поп, рок и џез музика (Скопје, 21 април 1954)

Маја Оџаклиевска e позната пејачка на поп, рок и џез музика.

Основно училиште завршила во Шведска. Потоа се вратила во Скопје и се запишала во музичко училиште, со желба да стане оперска пејачка.

Во 1970 година гостувала во тогаш популарното музичко шоу „Максиметар“, ја забележал Радослав Граиќ и добила епизодна улога во претставата „Рабл“ од Жан-Луј Баро, која две сезони се прикажуваше на Големата сцена на Народниот театар во Белград. На Белградската пролет во 1971 година ја изведе песната „В облак сонце“ и тоа беше почеток на нејзината долга и плодна фестивалска кариера.

Досега има издадено само два албума. Нејзини најпознати песни се Буди добар, Даљине, Све ти проштам и Среќо речи.

Во март 2013 година, Маја учествуваше на натпреварот Beosong 2013 со песната Анѓел од небото, каде што беше тринаесетта во полуфиналето.

Во српската синхронизација на филмот на Дизни од 2016 година – Вајана го позајми гласот на баба Тали.

Маја Оџаклиевска дава поддршка на Македонците во Србија и е добредојден гостин на различни настани организирани од македонската заедница.

Владата на Република Србија во февруари 2022 донесе одлука за додела на признанија за врвен придонес на националната и културата на националните малцинства, меѓу кои и Маја Оџаклиевска. Признанието подразбира паричен надоместок до крајот на животот, во вид на национална пензија.

Одлука за додела на националните признанија донесена е после осум години, на предлог на Комисијата за утврдување на исполнетост на условите, а врз основ на предлозите на репрезентативните здруженија во културата и националните совети на националните малцинства во Србија. Оџаклиевска беше предложена од страна на Македонскиот национален совет во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button