Ликовна колонија во Крушево
Викендов во Крушево се реализираше свеченото отворање на „Ликовната колонија” во организација на македонската Агенција за иселеништво. Ликовната колонија, која има за цел меѓусебно да ги вмрежи уметниците од дијаспората за понатамошни заеднички проекти од областа на културата, собра 11 уметници и тоа:
Славица Секулоски – Холандија, Силвана Миленкова – Данска, Ѓорѓе Иванов – Србија, Тодор Јовановски – Србија, Ирена Паскали – Германија, Мирела Думитреску – Романија, Боре Митовски – Словенија, Синиша Новески – Србија, Ирена Јерас Димовска – Словенија, Боге Димовски – Словенија и Натмир Лура – Данска.
Колонијата има за цел меѓусебно да ги вмрежи уметниците од дијаспората за понатамошни заеднички проекти од областа на културата.
Воедно, во текот на летниот период ќе се реализираат и останатите проекти на Агенцијата за иселеништво како: Летната школа по македонски јазик, Спортскиот камп и Фолклорниот фестивал, со што јавноста навремено ќе биде информирана.