ВестиКултура

Книгата „Радоста на постоењето“ од авторката Симона Петреска промовирана во Белград

„Радоста на постоењето“ – книга од жанрот популарна психологија на авторката Симона Петреска допатува и во Белград. Промоцијата се одржа во Фондацијата Нушиќ во Белград, каде авторката посочи дека книгата е канал преку кој ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање и благосостојба. Додава дека ги користи своите лични искуства и сведоштва и преку нив поттикнува инспирација кај читателите.

„Во книгата пишувам за влијанието на мислите и емоциите врз секојдневниот живот, енергетската моќ на мислите, како со надоврзување на една мисла кон друга се создава соодветна емоција и сето тоа доколку се повторува подолг период, создава еден моментум и ако го повторуваме подолг период, станува наш став. Тоа преминува во наше уверување, а потоа кон наша програма којашто нѐ води во животот“, вели Петреска.

Авторката вели дека нејзината цел е со книгата да му помогне на читатателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен живот, а преку своите мисли, емоции и однесување.

„Луѓето, без разлика на нивната возраст, доколку чувствуваат дека се заглавени во својот живот, да не чекаат повеќе, туку веднаш, сега, да започнат да работат на својот личен развој, а тоа ќе го направат најпрво со одлука дека сакаат да направат некаква промена, да ја постават својата цел што сакаат да ја постигнат и потоа со свесност, верба и истрајност, порано или подоцна, ќе го реализираат посакуваното“, додава Петреска.

На промоцијата присуствуваа и членовите на здружението ,,Македониум” а организатор на настанот беше Синиша Новески.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button