МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

КАРПОВ „VS” КАСПАРОВ

Во денешниот текст ќе се осврнеме на според мене најголемиот ревалитет во шахот, помеѓу Анатолиј Карпов и Гари Каспаров.

Нивното ривалство започна во 1984. година, кога младиот и бунтовен Каспаров го заслужи правото да го предизвика светскиот шампион, а со помал интензитет ќе продолжи во следните 20 години, одлучувајќи за 5 светски првенства. Во директните натпревари кои го решија светскиот шампион, двајцата ќе одиграат 144 натпревари, од кои 104 ќе завршат нерешено, додека Каспаров ќе води во победи со само 21 спрема 19. Кога ќе се додадат натпреварите на турнирите, бројот на нерешените партии се зголемува на 128.

Покрај спортското, нивното ривалство има и политичка конотација и трае до ден-денес. Имено, Карпов e член на партијата „Единствена Русија“, чиј претседател е рускиот премиер Владимир Путин, а токму Каспаров е еден од неговите најжестоки политички противници и критичари, поради што неколку пати завршуваше зад решетки.

Светскиот шампионат во шах 1984–1985 година бил натпревар помеѓу предизвикувачот Гари Каспаров и бранителот на титулата Анатолиј Карпов во Москва од 10 септември 1984 до 15 февруари 1985 година за титулата на Светското првенство во шах. По 5 месеци и изиграни дури 48 партии, натпреварот беше прекинат во спорни околности со водство на Карпов со 5 победи спрема 3 (со 40 нерешени) и повторно одигран на Светското првенство во шах 1985 година.

Светското првенство во шах во 1985 година се играше помеѓу Анатолиј Карпов и Гари Каспаров во Москва од 3 септември до 9 ноември 1985 година. Каспаров победи, и стана тринаесеттиот и најмладиот светски шампион на 22-годишна возраст.

Конечната позиција во партијата бр. 1

1987 година.

Светскиот шаховски шампионат во 1987 година се играше во Севиља, Шпабнија и завршил со нерешен резултат 12/12, со што титулата ја заджал Каспаров..

1990 година.

Светското првенство во шах 1990 година се играше помеѓу Гари Каспаров и Анатолиј Карпов. Тоа беше петти и последен првенствен натпревар Каспаров-Карпов, на кој Каспаров победи со еден поен.

Дуелите ќе беа наставени доколку,Гари Каспаров и предизвикувачот Најџел Шорт не се разделија од ФИДЕ и го одиграа својот меч за титулата под покровителство на Професионалната шаховска асоцијација. Како одговор, ФИДЕ му ја одзеде титулата на Каспаров и организираше свој натпревар на Светското првенство помеѓу поранешниот шампион Анатолиј Карпов и финалистот на Кандидатите Јан Тиман. Во наредните 13 години имаше две ривалски светски титули.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button