Знаменити Македонци во Србија

Зафир Хаџиманов

кантавтор, поет и актер (Кавадарци, 25 декември 1943 – Белград, 27 март 2021)

Зафир Хаџиманов беше познат кантавтор, поет и актер. Беше почесен амбасадор на македонската култура во Србија.

Завршил гимназија и музичко училиште во Скопје, каде што започнал да се занимава со музика и театар. Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите настапувал како пејач на поп музика и ги снимил првите две плочи на кои е автор и на текстот.

Настапувал и на музички фестивали. На фестивалот во Опатија во 1965 година го освоил првото место со песната „Зошто доаѓаш само со дожд“. Четири години подоцна, на истиот фестивал ја изведе познатата евергрин „Тоа беше мај“.

Како пејач настапувал и во странство, особено во Советскиот Сојуз. Во исто време, тој снима ТВ емисии.

Заедно со пеењето работеше и на актерска кариера. Играше во филмовите „Нож“ на Жика Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов.

Настапувал и на многу театарски сцени, а имал можност да игра и во Форум театарот во Бостон.

Паралелно со сценската и музичката работа, Зафир Хаџиманов пишуваше и објавуваше поезија на српски и македонски јазик: „Шансона на хартија“, „Кучето пејачка“ (Повелба Стражилово за најдобра книга на поезија 1984), „Азии“, „Народен пејач“, „Брат“, како и книга на кратки приказни „Кисело-весело“. Автор е на текстот, стихови и музика на првиот македонски мјузикл „Ало, будење“, за кои 2009 година Македонски издавачки центар во Србија издаде двојазично издание со ЦД и нотна тетратка со сите сонгови.

Беше и претседател на Одборот за култура во Националниот совет на македонското национално малцинство во мандатот 2010 – 2014 година.

Зафир Хаџиманов компонираше шансони и балади по стихови од српски и македонски поети. Се борел за зачувување и популаризација на старите македонски народни песни.

Последното негово издание е книгата ,,Песнопоец/Песмопојац” збирка на приказни од животот, испишани на српски и макеоднски јазик, исто така во издание на Македонскиот информативен и издавачки центар.

Живееше во Белград. Беше во брак со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која има син Васил Хаџиманов, познат џез музичар.

Дискографија:

1963


1964:


1966:


1967:


1968:


1969:


1970:


1972:


1973:


1975:


1976:


1978:


1981:


1986:


1987:


1988:


1991:


1995:


1998:


2002:


2007:


2009:


2014:

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button