ВестиМАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Овчеполска пастрмајлија

Пастрмајлија е традиционален македонски специјалитет – посебен вид на пита направена од тесто и месо. Името пастрмајлија потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне. Но, во денешно време, скоро и да не се користи пастрма за правење на пастрмајлии и најкористено месо е свинското, а неретко се става и пилешко месо. По желба може да се додаде и кашкавал, печурки, јајце итн. Пастрмајлијата е карактеристично јадење за градовите Штип, Велес, Кратово и Радовиш. Обично се јадела во зима и тоа за поголемите зимски празници, кога се колеле свињи. Домаќинките често пастрмајлиите ги носеле во фурна; го носеле само плехчето и месо од солено каче, а фурнаџијата го правел тестото и ги печел.

Македонска, штипска, велешка, кратовска, светиниколска или овчеполска? Вечното прашање од каде потекнува пастрмајлијата и каде ја подготвуваат најубаво често пати знае да ги скара особено Штипјани и Велешани. Одговорот, за рубриката Манџа Мак-инфо, се обиде да го даде Душанка Маринковиќ подготвувајќи ја овчеполската пастрмајлија.

Душанка Маринковиќ е од местото Свети Николе од Македонија. Од 1990 година живее во Качарево и работи како медицинска сестра во Белград. Членува во здружението ,,Вардар” од Качарево, каде што ја лекува носталгијата и придонесува во негувањето на македонската традиција и обичаите. Често оди во својот роден крај, а таа љубов ја пренесува и на своите три деца.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button