ВестиКултура

Концерт на Билјана Камчева на затворањето на Деновите на македонската култура во Белград

Флејтиската и оперска пејачка, една од најистакнатите македонски музичари од помладата генерација Билјана Камчева одржа концерт на соло флејта насловен ,,Треперот на една флејта” во просториите на здружението ,,Македониум” на затворањето на манифестацијата Денови на македоснката култура во Белград ,,Допир на Македонија” а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и македонското Министерство за култура.

На волшебната прошетка низ музиката од барокот до современите македонски и српски автори Камчева ја водеше публиката од Белград, но и од Вршац, бидејќи присутни беа и неколку членови на македонското здружение ,,Вардар” од Вршац на чело со претседателката Ленка Стојановиќ.

Таа е пример на млад музичар активен со два профила на изведба, како флејтистка и како соло пејачка, па така концертот го затвори изведувајќи ја ,,Македонско девојче” на флејта и со пеење, со што го покажа сиот свој раскошен талент и потенцијал, на големо одушевување на публиката.

Со овој концерт свечено е затворена 13. по ред манифестација Денови на македонската култура во белград ,,Допир на Македонија” која што здружението Македониум традиционално ја организира по повод одбележувањето на празникот св.Кирил и Методиј.

Билјана Камчева Своето музичко образование го започнува во својот роден град Кавадарци. Дипломира на одделот флејта во класата на проф. С. Темков како студент на генерација, каде ги завршува и магистерските студии на ФМУ-Скопје. Ректорот на УКИМ во 2015 година и доделува посебна пофалница за постигнат најдобар успех во студирањето (флејта). Паралелно со студиите на одделот флејта, студира и на студиската програма за соло пеење во класата на проф. Марија Наумовска и дипломира во 2016 година. Во 2015 година ја добива стипендијата „Петар Стаматов“ што ја доделувa УКИМ на своите најуспешни студенти. На сцената на МОБ дебатира во 2016 година со улогата на Јенте во мјузиклот „Свирач на покрив“. Како концертен солист со оркестарот на МОБ настапува во 2014 и 2016 година. Од 2019 година, Камчева е најмладиот почесен член на фондацијата Томислав Зографски.

Вработена е во Македонската опера и балет.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button