МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

Д4 ВТОР ДЕЛ

Во денешниот текст освртот се шаховските отворања за црните и почнуваат со д4.

  1. Словенска одбрана – 1.d4 d5 2.c4 c6

Се работи за таканаречено затворено отворање, како одговор на краличиниот гамбит, со што се анулира предноста на првиот потег на белиот. Предностите на ова отворање се следните:

  1. Слободно движење на белиот ловец
  2. “Стабилен центар”
  3. Лесна за учење

Мана на ова отворање е пешакот на б7 – кој се наога во слаба позиција, но како и да е Словенското отворање е според мене за секоја препорака.

2. Маршал – одбрана – 1.d4 d5 2.c4 Nf6

Се работи за често оспорувано отвoрање и не е за почетниците, но како и да е често беше применувано од некои велемајстори, пред се Иванчук и Бетиев. Главната идеја на Маршаловата одбрана е да му понуди дополнителен простор на белиот во центарот со што би се создале одредени слабости, при што пешакот на д5 е заштитен и од кралицата и од скокачот.

3. Балтичка одбрана – 1.d4 d5 2.c4 Bf5

Уште едно отоврање, како одговор на краличиниот гамбит, пешакот на д4 е заштитен, со црниот ловец се потенцијално напага е4. Не е во честа примена од страна на најпознатите шахисти. Според мене следниот чекор на црниот би бил скокачот на ф6, но постојат повеке варијации.

И за крај потег на денот, белиот го жртвува скокачот, но со ловецот на ц5, црниот е под дупли шах, на потег од мат.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button