ВестиКултураМакедонци во светот
„Македонско девојче“ испеана одсредношколци од Пенсилванија
Еден од нашите ученици на Јес (YES) програмата, Марко Павловски, кој е моментално на размена во средно училиште во Пенсилванија, го организирал хорот во училиштето да ја изведат песната “Македонско Девојче”.
Ученикот Марко порача: „Присуството и организирањето на концертот ме натера да сфатам дека културната размената не е само за патување, туку креирање на врски и меѓукултурно разбирање. Преку музиката, успеавме да ја изградиме таа врска и да ја испишеме приказната заедно. Тоа беше магично и неповторливо искуство које го разбуди во мене убедението во силата на музиката да спои различности и да ги обедини срцата во хармонија. Преку овој настан, успеав да го изградам мостот помеѓу моите корени и мојата нова заедница во Пенсилванија’’.