Македонско селско месо
Селско месо е традиционално македонско и балканско јадење од свинско месо и печурки. Најчесто се користат следниве состојки: свинско месо, парчиња кромид, сушено месо, говедско месо, домати или кечап, кре, сирење, печурки, пиперки, зачини, вино и сол.
Селското месо традиционално се подготвува во земјен сад.
Постојат различни варијанти на селско месо, а една од тие варијанти се нарекува селска тава.
Селското месо се смета за главно јадење.
Селското месо е Македонското традиционално јадење, кое се прави на различни начини, зависи како семејствата го сакаат да го прават.
Приготвување на селското месо:
Состојки:
-1,2кг мешано месо-свинско, јагнешко, телешко, пилешко или јунешко;
– 500/800гр печурки;
-1-2 главици кромид;
-2-3 чешниња лук;
-сол, бибер, сув мешан зачин;
-црвен пипер;
–буковец или сува пиперка;
-малку брашно;
-30 мл бело вино
Начин на подготвување:
- Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло;
- Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос, а потоа ги додавате печурките, кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи, и заедно се пржи околу 10 минути;
- Во земјена тава или каква имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магдонос;
- Се полива со вода и се додава 30мл бело вино;
- Со лажица убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија;
- Се става во рерна на 150с и се готви два и пол до три часа;
- Се открива фолијата и се пече уште еден час на тивок оган;
- На крајот, се додава запршка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути.