ВестиКултураНајави

Меѓународна премиера на филмот ,,Беласица” на Марија Апчевска во Белград

Во рамките на Документарниот филмски фестивал во Белград ,,Beldocs” во петок 12. мај, во Кино арт салата на Коларац од 18:30 часот, ќе се одржи меѓународна премиера на филмот ,,Беласица” во режија на Марија Апчевска, а во продукцијата беа вклучени кинематограферите Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажерот Горан Вукич и дизајнерот на звук Игор Поповски.

Филмот го следи и го доловува богатото секојдневие на живеењето во заедница, за луѓето кои го поминале најголемиот дел од својот живот во институции, ги доловува придобивките на деинституционализацијата и ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат шанса за среќа.

Филмот е продуциран во рамките на проектот “Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“, кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од Европската Унија, во корист на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button