ВестиКултураНајави
Актуелно

Свечено отворање на Деновите на македонската култура во Белград

Овогодинешната 13 по ред манифестација Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија” во организација на здружението ,,Македониум” од Белград ќе биде отворена вечер во 20 часот, во галеријата ,,Никола” со авторска ликовна изложба „Очите гледаат се“ на Гордана Јаневска од Скопје. Покрај авторката, манифестацијата ќе ја отворат Зорица Митровиќ претседателка на здружението ,,Македониум”, Синиша Новески уметнички директор на манифестацијата и Михаела Веселинов, вд македонска амбасадорка во Белград.

На изложбата ќе бидат претставени 20-тина слики, во кои авторката главно користи акрилни бои и масло на платно или картон. Гордана Јаневска е магистер на политички науки и дипломатија и работи како директор на основно училиште во Скопје. Одржала бројни самостојни изложби низ Македонија и регионот, а учествувала и на Фестивалот на уметност во Бодрум и Истанбул. Изложбата е продажна и ќе биде отворена до 21 мај.

Манифестацијата финансиски ја подржуваат Националниот совет на македонското национално малцинство и Министерството за култура на Република Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button