Магазин

Светски ден на турското кафе: Повеќе од 500 години задоволство

Петти декември, денот кога УНЕСКО го дефинира турското кафе како нематеријално културно наследство на човештвото, се слави како Светски ден на турското кафе.

Турското кафе, кое е симбол на задоволство во Туркије и во светот, има посебен ден. 5 декември, денот кога УНЕСКО го дефинира турското кафе како нематеријално културно наследство на човештвото, се слави како Светски ден на турското кафе.

Зрното арабика се меле за да се создаде турско кафе, кое стана познато низ светот. Турското кафе е јако и има посебни методи на подготовка и послужување.

Историјата на кафето во Анадолија, што се проширило во Туркије и Европа преку патниците од Јемен во 15 век, датира од 1500-тите години.

Турското кафе, кое станало попопуларно во Отоманската Империја, прво во палатата, а потоа и во јавноста, за кратко време оставило свој белег во секојдневниот живот и се проширило во Европа.

Турското кафе се подготвува во ѓезве. За една шолја турско кафе треба да додадете една шолја вода (мора да ја користите истата шолја) и една ипол лажица кафе. По додавањето на кафето, не се додава шеќер, па затоа доколку пиете слатко кафе, шеќерот морате да го додадете пред да започнете со варење. Кога кафето ќе почне да врие, оставете ја пената да нарасне, па тргнете го од оган и тоа потоа ќе даде многу пена. Традиционално, турското кафе мора да има пена, не е прифатливо без неа. Исто така, дел од традицијата е Турците да служат кафе со чаша вода и нешто благо, по можност турско слатко – локум.

Во Истанбул турското кафе не може да се служи без да биде топло, тоа е посебно затоа што се служи во филџан.

На многумина од нас, кафето ни е секојдневна рутина, но има и луѓе на кои им е и повеќе од тоа. Некои луѓе се вљубеници во кафето. Ако сте и вие еден од нив, еве неколку факти за вашата омилена напивка без која не можете да поминете ниту еден ден.

– За време на турските свадбени церемонии, младоженците морале да дадат завет дека секогаш ќе ѝ овозможуваат кафе на својата невеста, а доколку не успеат, тоа можело да резултира со развод.

– Бетовен бил толку жесток пијач на кафе, што броел 60 зрна пред да си подготви шолја со својата омилена напивка.

– Кафето не нè буди само нас луѓето. Овој ефект го чувствуваат и пчелите кога пијат кафе и тоа им помага за нивното долготрајно помнење. Како тие поинаку би знаеле постојано да се враќаат до едно исто растение?

– Користете смеса од мелено кафе и вода како ексфолијант за вашата кожа. Нанесувајте двапати неделно, потоа измивајте се и забележете го сјајот на вашето лице.

– Францускиот новелист и писател на драми Оноре де Балзак, наводно конзумирал по 50 шолји кафе на ден за да ја одржува инспирацијата додека пишувал. Смртоносната доза е 100 кафиња на ден.

– Кафето било прогласено за нелегално, и тоа не еднаш, не двапати, туку неверојатни 3 пати од три различни култури. Првиот пат во Мека во 1511, после што следел Чарлс II во Европа во обид да го потисне тековниот бунт и последниот пат од страна на Фредерик Велики во Германија во 1677 кој бил загрижен за економските последици кои би ги трпела земјата кога би се купувала оваа напивка.

– Во античката арапска култура, жената можела да се разведе од нејзиниот сопруг само ако тој не го сакал доволно кафето. Зарем тоа не е екстремна љубов кон кафето?

– Зборот кафе потекнува од Арапскиот јазик, каде се нарекувало „qahhwat al-bun“, што потоа било скратено на „qahwa“. Турците го презеле како „kahve“, Холанѓаните го направиле „koffie“. Дури потоа бил преведен на англиски како „coffee“.

– Во 17-от век имало голема дебата околу тоа дали католиците смеат да пијат кафе. Им било дозволено откако Папата Климент VII рекол дека е во ред да пијат.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button