Избор песни од Братислав Ташковски објавени во списанието „Траг“ од Врбас
Избор песни од реномираниот македонски поет, публицист, раскажувач Братислав Ташковски објавени се во списанието за книжевност, уметност и култура „Траг“ од Врбас.
Во рубриката „Траг других“ на 69-от број, се дванаесет песни од македонскиот автор во препев на срспки јазик од Радослав Вучковиќ, меѓу кои и „Автопортрет, „Енигма“, „Дух таговник“ и „Погреб на планината“ посветена постхумно на бардот на македонската современа поезија и негов учител, академик Гане Тодоровски.
Списанието можете да го видите ТУКА.
Братислав Ташковски е роден во Скопје 1960 година. Студирал новинарство на Универзитетот УКИМ во Скопје. Има објавено преку 20 книги поезија, пет романи, три драми и една книга есеи. Добитник е на наградите „Студентски збор“, „Млад Борец“, „Браќа Миладиновци“, „Рациново Прознание“, „Ацо Шопов“, Државната награда за најдобра книга од областа на публицисктиката„ и минатата година на „Антево перо“.
Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.Застапен е во многу антологии. Неговите дела се преведени на француски, руски, турски, словенечки, хрватски, српски, полски, шпански и на руски јазик. Покренувач е и главен уредник на списанието за книжевност и култура „Акт“. Живее во Скопје. Песни од Ташковски изминативе години се објавени и во неколку други знаменити српски списанија за култура и литература, како „Исток“, „Повеља“.. Минатата година во издание на Наис Принт од Ниш излезе збирката песни „Затварање на кругот“ во препев на Вучковиќ, во ко која се поместени 78 негови песни.