Свети Климент Охридски и Блаже Конески – одбележување на празникот и јубилејот во Белград, театарска премиера во Сомбор
Во најновото издание на телевизиската емисија „Македонско сонце„ која се емитуваше на Радио телевизија на Војводина 2 имавме прилика да ги проследиме последните активности на македонските организации во Србија.
Празникот Свети Климент Охридски беше повод за да, во Белград, се организира пригодна манифестација која исто така беше посветена и на еден од најистакнатите македонски културни дејци, Блаже Конески.
- Оваа година решивме да го споиме чествувањето на Свети Климент Охридски со уште еден културен деец Блаже Конески, бидејќи оваа година се навршуваат сто години од неговото раѓање. За жал ние немавме прилика тоа да го одржиме на Денот на мајчиниот јазик ама решивме да ги споиме Свети Климент Охридски и Блаже Конески како една програма – изјави Зорица Митровиќ, претседателката на македонското здружение „Македониум„ во Белград.
Како гостинка на оваа програма учествуваше и д-р Анита Ангелевска која одржа симболично предавање наменето и на двајцата истакнати личности од македонската историја и религија.
Здружението на Македонците од Белград за прв пат оствари и директна соработка со Министерство за култура на Република Македонија, кое овозможи прикажување на документарниот филм посветен на Блаже Конески и видео спотови со рецитации на неговите песни.
Во Народниот театар во Сомбор, кое на 25 ноември прослави 139 години од основањето, се оддржа премиера на претставата „Каштел во езеро„ по текстот на Нина Плавањац, во којашто една од главните улоги ги толкува актерот со македонско потекло Александар Ристески а режијата ја потпушава македонскиот режисер Марјан Неќак.
- Претставата помеѓу се друго, отвара едно прашање за тоа дали ние, балканците, ке се обидеме да се промениме – истакна Неќак и додава:
- Многу ми е мило што работам во еден ваков театар и имам голема чест што мојата премијера се оддржува на еден ваков празник, како што е 139. роденден на овој волшебен театар.
Во проделжението на емисијата проследете го и разговорот со уметничката, занаетчика и декоратерка Снежана Бајиќ, која што живее и работи во Нови Сад.