
Вo денешниот текст освртот е на одржаниот веќе традиционален Илинденски шаховски турнир MakMove 2026. Наведениот турнир беше одржан на 02. август во домот на култура “Кочо Рацин” во Јабука.
Прво место му припадна на Дамјан Алексовски, второ место на Реља Младенов, а трето место на Василије Алексовски.

Наградите на најуспешните шахисти им беа доделени од страна на претседателката на Националниот совет на Mакедонската национална заедница во Република Србија, Зорица Митровиќ.


Една од партиите.
Во име на редакцијата на „Мак Инфо“, им честитаме на сите учесници на турнирот и им благодариме за прекрасното дружење.
Се надеваме на нови средби и уште многу заеднички дружења во иднина!



