Македонско Сонце- 07 06 2026

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Во организација на Македонскиот Национален Совет во Србија со поддршка на Македонската,Српската како и Покрајинската Влада на 30.05., во Студентски Културен центар во Нови сад се одржа свечената академија по повод 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина
-,,Живот и бизнис со смисла“, под ова мото во палатата Мадлена е одржана годишната конференција на Македонскиот Бизнис Клуб
-Во Стара Пазова е одржана првата Конференција на Македонско-Словачкиот Бизнис Клуб
-Во Народниот Музеј се одржа концерт ,,Македонска Рапсодија“ на која настапи уметничката на виолина Вероника Мона Богиќ, и Никола Лекиќ, пијаниста
-Во КИц во Белград настапи македонската етно група ,,Баклава“
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски