Македонско Сонце- 03 05 2026
Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Со изложбата ,, Еруптивни Форми“ од авторот Славе Ајтоски, започна манифестацијата Денови на Македонската култура во Белград
-Разговаравме со Милица Јончески од Јабука, која заедно со својот татко, со велосипеди тргнуват на пат до Темишвар, со хуманитарен карактер да и помогнат на својата,мала сограѓанка
-Репортажа од Нови Сад
-Во рамките на учебната размена, учениците од градот Радовиш престојуваа кај своите другари во местото Руски Крстур
-Репортажа од интервју со Марија цветановска- социјална менторка на Асоцијација за истражување, комуникации и развој ,,Паблик“ од Скопје
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски
