ВестиКултураМакедонија

Шест македонски филмови на 30. Фестивал на европскиот филм на Палиќ во Суботица

Во рамки на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм на Палиќ, кој ќе се одржи од 15 до 21 јули во Палиќ и Суботица, ќе бидат претставени селекциите „Северна Македонија во фокусот“ и „Новиот унгарски филм“.

Во селекцијата „Северна Македонија во фокусот“ на програмата ќе бидат прикажани шест филмови: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот мора да умре“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Филмовите ќе се прикажат во временскиот перод од 16 до 21 јули, а програмата се реализира во соработка со Агенцијата за филм на Македонија.

Европскиот филмски фестивал Палиќ е моментално еден од најважните настани во Србија, еден од најважните филмски фестивали во регионот и еден од ретките во светот со 100-процентна европска содржина. Фестивалот има за цел да ги претстави најквалитетните достигнувања на современата европска кинематографија и да ја негува традицијата на авторскиот и уметничкиот филм со цел да придонесе за културниот живот на целиот регион. На овогодинешното издание на фестивалот се очекуваат над 150 филмски професионалци од земјава и странство.

Фестивалот на европски филм Палиќ е поддржан од Министерството за култура на Република Србија, Покраинскиот секретаријат за култура, јавното информирање и односи со верските заедници на Војводина, градот Суботица, Европската унија преку програмата „Креативна Европа МЕДИА“, како и бројни партнери и медиумски партнери.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button