Вести

Хуманост што трае: Велигденска работилница на „Вардар“ Ниш со насмевки за децата

На Велики четврток Здружението на Македонци „Вардар“ од Ниш реализираше традиционална хуманитарна велигденска работилница во Специјалното училиште со дом за деца „Бубањ“.

Оваа активност се организира континуирано од 2016 година, со јасна цел – да им се разубават празниците на децата и да се создадат моменти исполнети со радост и внимание. Во работилницата учествуваа членови на здружението, наставниот кадар, како и децата, кои со својата енергија и искреност дадоа посебен белег на настанот.

Во рамките на акцијата, на децата им беа донирани велигденски јајца и слаткиши, а атмосферата беше исполнета со креативност, дружење и празничен дух. Од училиштето беше упатена благодарност за долгогодишната соработка, како и за срдачниот пристап и посветеноста на организаторите.

Ваквите активности уште еднаш ја потврдуваат важноста на солидарноста и континуираната грижа за најмладите, како вредности кои се негуваат и пренесуваат низ заедницата.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button