Традиција низ детска креативност: велигденска работилница во Вршац

На Велики четврток беше реализирана уште една традиционална велигденска работилница со учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Гудурица и Вршац, како и со други заинтересирани деца.
Работилницата ја организираше Здружението „Вардар“ од Вршац, со активно учество на неговите членови и активисти, како и на наставничката Охридија Димитровска, која ја реализира наставата по изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во Вршац и Гудурица.


Во текот на работилницата, децата имаа можност преку креативни активности да се запознаат со богатството на велигденските обичаи. Тие изработуваа велигденски корпички, ги украсуваа јајцата и учеа за значењето на празничните симболи, спојувајќи ја традицијата со играта и уметничкиот израз.
Настанот помина во весела и инспиративна атмосфера, исполнета со детска радост, креативност и дружење. На крајот од работилницата, на сите учесници им беа поделени слатки пакети, како дополнителен празничен знак на внимание.


Ваквите активности претставуваат значаен придонес во негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција меѓу најмладите, поттикнувајќи интерес и чувство на припадност уште од рана возраст.



