ВестиОтворен Балкан

Спасовски и Гашиќ во Белград потпишаа Меморандум помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија , кој ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница

Во рамките на официјалната посета на Република Србија, како дел од владината делегација, заедно со својот хомолог, министрите за внатрешни работи на Република Србија и Македонија, Братислав Гашиќ и Оливер Спасовски потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу владите за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница.

Меморандумот кој беше потпишан веднаш по пленарната седница на Владите на двете земји, ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница, особено преку граничниот премин Табановце-Прешево, и ќе придонесе за намалување на гужвата на граничниот премин за време на туристичката сезона, што е во интерес на граѓаните на двете земји како и на сите кои го користат граничниот премин помеѓу Република Македонија и Република Србија.  

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button