ВестиКултураМакедонија

Синиша Новески избран за член на Уметничкиот совет на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) на Годишното собрание што се одржа во Домот на Армијата во Скопје избра Управен одбор, Уметнички совет како и членови на Надзорниот одбор. Во Управниот одбор на ДЛУМ се избрани Христијан Санев, Никола Смилков, Петра Јовановска, Слободан Милошевски, Денис Танев и Катерина Таневска.

За членови на Уметничкиот совет од членството беа изгласани Микица Трујкановиќ, Маја Рауник Кирков, Трајче Чамтов, Наташа Милованчев, Соња Димовска, Синиша Новевски и Илиана Петрушевска.

На Собранието на ДЛУМ беа презентирани досегашните активности, како и идните планови на здружението, се вели во соопштението до медиумите.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button