Вести

Прв состанок на Посебната работна група за Предлог-Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства

Првиот состанок на Посебната работна група за подготовка на текстот на Предлог-Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства одржан е на 20 декември 2021 година во Палата Србија.

Работната група е составена од претставници на надлежните институции на националните совети на националните малцинства и организациите на цивилното општество, меѓу кои и претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, кој во моментов претседава со Координацијата на националните совети. Со работната група раководи Гордана Чомиќ, министерка за човекови и малцински права и општествен дијалог. По потреба и на повик, во работата може да учествуваат и претставници на други институции, како и стручни лица, советници и консултанти кои поседуваат знаења релевантни за изработка на овој документ.

Во постапката на подготовка на Предлог-акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, поддршка обезбедува Канцеларијата на Советот на Европа во Белград во рамките на проектот „Промоција на различности и рамноправности во Србија”, кој е дел од заедничката програма на Европската унија/Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022”, подготвена е „Еx post Анализа за реализација на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства“ и обезбедена е експертска поддршка од домашни консултанти.

Акциониот план ќе биде базиран, помеѓу останатото, на Извештајот за напредокот во процесот на пристапување на Србија во Европската унија, на препораките од Четвртото мислење на Советодавниот комитет за спроведување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, како на заклучоците и препораките од Ex-post aнализата за реализација на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button