Без категоријaВести

Почна македонската кампања за Пописот во Србија

Националниот совет на македонското национално малцинство денес ја започна својата кампања со цел да ги охрабри сите припадници на македонската заедница и граѓани во Србија да се изјаснат слободно за својата национална припадност.

Тоа го истакна претседателот на Советот, Борче Величковски, во видео обраќање до заедницата.

Покренати се и Фејсбук и Инстаграм страници „Каде и да сме, да знаеме кои сме“, на кои што ќе се спроведува македонската кампања за Пописот.

Граѓаните, домаќинствата и имотите ќе се попишуваат во Србија од 1 до 31 октомври. Резултатите од пописот се важни за македонската национална заедница во Србија, бидејќи бројноста е еден од основните услови за обезбедување, спроведување и унапредување на правата на Македонците во Србија.

Сите информации во врска со пописот можете да ги видите на следниот линк: https://popis2022.stat.gov.rs/

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button