ВестиКонкурсиМакедонијаМакедонци во светот

Повик за млади македонски ликовни уметници од регионот за учество во Денови на македонската култура во Белград 2024

Здружението МАКЕДОНИУМ од Белград ги повикува младите македонски ликовни уметници од Македонија и регионот до 40 години старост, да се пријават на конкурсот за излагање во 2024 година, отворен од страна на Домот на младина во Белград, и на тој начин, доколку бидат одбрани, учествуваат во манифестацијата Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија”.

Конкурсниот материјал треба да ги содржи следните информации:

– Податоци за излагачот/излагачите: име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број и биографија;

– Опис на изложбениот проект;

– Техничка спецификација на изложбениот проект;

– Визуелна презентација на изложбениот проект.

Конкурсот е отворен до 1 октомври 2023 година, а резултатите ќе бидат објавени еден месец покасно.

Се повикуваат сите заинтересирани, пред да конкурираат да се обратат на здружението на меил адреса makedonium.belgrad@gmail.com поради договор и добивање на препорака за учество во манифестацијата Денови на македонската култура во Белград 2024 година.

Поопширни информации за условите на конкурсот на страната на Домот на младина во Белград www.domomladine.org

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button