Образование

Најмладите во чест на Денот на македонската азбука

Во чест на денот на македонската азбука -5 мај, во двете училишта во Лесковац каде што се изучува предметот Македонски јазик со елементи на националната култура ,,Коста Стаменковиќ,” и ,,Бора Станковиќ” беа организирани ликовни креативни работилници. Идејата беше на денот кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официелно писмо, токму азбуката биде инспирација за овие креативни работилници. Секое дете имаше задача да одбере една буква, да ја испише, нацрта и да ја украси.

Денот беше одбележан и во Ниш, во здружението ,,Вардар” каде што најмладите припадници на македонската заедница рецитираа песни на македонски јазик.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button