ИнформирањеРадио емисии

Македониум 04.05.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

1.  Во Кинотеката на РС Македонија од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија

2. Претседателот на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Борче Величковски, вчера беше гостин на програмата Утрински брифинг, што се емитува на Слободна ТВ

3. Денеска се навршуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод македонски државни делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје и пред спомениците

4. Државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година, што се доделува за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката, денеска ќе му биде доделена на проф. д-р Мишо Докмановиќ

5. Северна Македонија е рангираната на 57-то место на листата од 180 земји според Индексот за слобода на медиуми на „Репортери без граници“, што е напредок од 33 позиции во однос на лани кога го зазема 90 место

6. Пред 21 година, на 4 мај 2001 година, во Скопје на 78-годишна возраст почина Васка Илиева, една од најпрочуените пејачки на македонски народни песни

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button