Македонско Сонце- 19 04 2026
Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-По повод на одбележување на меѓународниот ден на шегата, македонското Здруженије ,,Македонијум„ Белградскиот Афористичарски клуб и Здруженијето на книжевници од Србија, организираа ,,Вечер на сатира, хумор и афоризам“
-И оваа година, Здруженијето ,,Вардар“ од Качарево организираше традиционални Велигденски игри, со дружење, натпревари и слатки награди
-Македонскиот Национален Совет подготвува голема изложба по повод 80год. од доселувањето на Македонците во Војводина, и по тој повод се упатува повик до сите семејства да испратат фотографии, краток опис од предмети што ги чуват, народни носии, стари фотографии, ракотворби и други вредни спомени донесени од Македонија. Сите предмети ке бидат дел од изложбата, а потоа ке им бидат вратени на сопствениците
-Разговаравме со Оливер цепенковски, сопственикот на единствено кафуле во непосредната близина Самуиловата тврдина, на највисоката точка на градот Охрид
-Разговаравме со Блажо Сапунџиев од Кавадарци, човек со две трансплантации на бубрег, и Валентин Рафип-готвач
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски
