ВестиКултура

Македонскиот Стрип-центар на изложба во Рашка

Во Центарот за култура „Градац“ во Рашка, Србија, отворена e изложба од сите стрипови пристигнати на конкурсот „Помирување – регионално помирување после војна“. Изложбата е дел од истоимениот  проект на Стрип-центар на Македонија-Велес.

На конкурсот пристигнаа   дела на млади македонски автори, како и на автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Во конкуренција на повеќе од 50 стрипови, жирито додели неколку награди: Во категоријата средношколци Јелена Павловиќ од Белград освои  прво  место, Aнгела Ајтовска од Скопје – второ место и  Aнастасиа Терзиќ од Рашка, Србија – трето место. Ана Мари Пејчиќ од Сараево доби награда за најдобро сценарио, а Николина Жуљевиќ од Сомбор, Србија, е наградена за најдобар цртеж.

Во категоријата основци наградени се три ученички од Скопје: првото место го освои Ана Марија Качева, Бојана Лазаровска – второ место и Анастасија Петровска –трето  место.  Маја Ќетковиќ – најмлад учесник од  Будва, Црна Гора, и Анастасија Велковска од Скопје доби  специјална награда.

На оваа изложба, како и во специјалниот каталог, вклучени се и стрипови кои беа пријавеи  вон конкуренција.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button