БлогВести

Македонската заедница и изборите во Србија – не има, ама сме скоро па „мртви“

Македонската заедница во Србија, во политички контекст, на овогодинешните избори, за град Белград, за парламент и за претседател се однесуваше скоро па без глас. Иако реално гледано ги ужива сите граѓански и политички права, во својство на национално малцинство, за разлика од другите малцински заедници кои живеат во Србија, и кои градат цврсти политички позиции, македонската, од друга страна, ужива во постоечките „бенефити“ и буквално „ниту прст подмрднува“. Некои од македонските политички субјекти јавно застанаа на страна на таканаречената обединета српска опозиција, додека пак другите одлучија да апстинираат и да не учествуваат. Е сега прашањето за таквото политичко делување на Македонците во Србија е по се изгледа симптоматично, само се уште не е утврдено дали се спорни политичките претставници на Македонците во Србија или се работи за нешто во зоната на лични интереси, остварени и неостварени.

Додека хрватската, албанската, бошњачката и другите побројни малцински заедници во Србија не пропуштаат да учествуваат во политичката битка, на национално и локално ниво, Македонците се однесуваат комформистички, незаинтересирано, сосема далеку од однесувањето на една политичка и национална група на луѓе кои делат одредени заеднички интереси и цели.

И на сето ова се поставува прашањето: Кој им е крив на Македонците, кога и онака се инертни, барем во случајот со изборите во Србија, слично како и нивните браќа во македонската држава, ако се потсетиме на тоа како реагираа околу изјаснување на пописот – каде впрочем не требаше да има ниту едно оправдување да се бојкотира истиот – оти нели тоа е права прилика да покажеме и докажеме на целиот свет колку не има.

Сега на изборите во Србија, под сосема неразјаснети околности, едните политички субјекти кои ги претставуваат Македонците застанаа зад опозицијата, на која уште Македонците и недостасуваа да биде во целост „обединета“, додека пак од другата страна, оние кои претходно коалицираа со владеачката Српска напредна партија, одлучила да не учествуваат.

Само што сеуште нема никој дадено јасно објаснување, политичко толкување зошто на политичките субјекти на Македонците во Србија им смета владеачката партија. Дали станува збор за некое системско кршење на политичките и граѓански права на Македонците во Србија со кое јавноста сеуште не е запознаена или само са погрешна процена на самите Македонци – пред се на оние кои се декларираат како политички представници на македонското малцинство во Србија.

Ама ете, резултатите покажаа дека Македонците пак ќе бидат некада на маргините во политичкиот и општествениот живот на Србија. Ама не по кривица на властите, ниту по кривица на српската опозиција, туку по директна вина на македонските политички претставници во Србија.

Додека Бошњаците зборуваат како тие ќе се прашуваат кој и какво мнозинство ќе формира во српскиот парламент, додека Унгарците веќе задоволно се смешкаат гледајќи себе во редовите на новата владеачка коалиција, додека Хрватите задоволно се подготвуваат за учество во законодавната власт како модел за додатно унапредување на своите малцински права и бенефиции, Македонците и овој пат ќе гледат на сите текови од страна, во својство на посматрачи.

Ама исто важи за Македонците во Србија, како и за нивните браќа во македонската татковина. Така е затоа што обичните граѓани „си седат со скрстени раце“, додека пак од другата страна самопрокламираните политички представници самостојно одлучуваат за тоа што е интересот на Македонците и како истиот да го остварат.

Само што најчесто не го остваруваат, затоа што ниту знаат кој е интересот, ниту умеат да го реализираат, а на крајот на денот така е затоа што се тие се освен политички представници на Македонците, се освен некој кој има разбирање за интересот на својот народ, сограѓани и се освен некој кој се вистински бори – со идеологија, принципиелност и вистинска програма.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button