КултураМакедонија

„Некст тајм“ за годишнината од убиството на Сандански

Македонското етно-поп дуо „Некст тајм“ го промовира филмскиот спот од својата изведба на песната „Кога падна на Пирина“ во чест на 107-годишнината од убиството на еден од најмаркантните ликови на Македонската револуционерна организација, Јане Сандански.

Војводата (нај)познат како Пиринскиот цар, автор на вонвременското мото „да живееш значи да се бориш, робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“, е убиен на 22 април 1915 година во месноста Попови Ливади, Горноџумајско (денес Благоевградско), Пиринска Македонија.

По успешните преработки на „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановка“, Стефан и Мартин решија да одговорат на предизвикот и да ѝ подарат уште едно квалитетно музичко парче на својата слушачка публика. Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот е како краток филм за овој историски настан.

Од коментарите на Јутјуб и Фејсбук, јасно е дека фановите се ништо помалку од воодушевени.

„Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди“, изјавија Мартин и Стефан на промоцијата.

За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button