Вести

Избори за членови на националните совети на националните малцинства – Гласај и за тебе е важно!

Изборите за национални совети на националните малцинства ќе се одржат на 13 ноември оваа година. Советот е орган кој, меѓу другото, го претставува твоето национално малцинство во областите

  1. oбразование,
  2. информирање на твојот јазик,
  3. култура и
  4. службена употреба на јазикот и писмото.

На националниот совет можеш да му се обратиш за помош доколку имаш некаков проблем или сомнеж во врска со школувањето и образованието, службената употреба на твојот мајчин јазик и писмо, известувања на мајчиниот јазик, доколку си заинтересиран за настани од областа на културата и зачувување на културниот идентитет, и во други случаи кои се поврзани со овие теми.

Сите овие прашања се многу важни за тебе и за твојот живот и затоа е многу важно да учествуваш во изборот на луѓето кои ќе те претставуваат во советот.

За да можеш да гласаш на изборите и да избереш членови на советот кои ќе те претставуваат, важно е да го знаеш следново:

  • Мора да имаш најмалку 18 години и да си државјанин на Република Србија;
  • Мора да си запишан/а во посебен избирачки список. За секое национално малцинство се прави посебен избирачки список, а за да се регистрираш во него, мора лично да отидеш во својата општинска или градска управа (во местото во кое што живееш) и да побараш образец за запишување во избирачкиот список. За да го пополниш образецот, потребна ти е лична карта и пет минути време. Образецот му го предаваш на општинскиот службеник, кој потоа ги проверува податоците и доколку е се во ред, те запишува во посебениот избирачки список. 
  • Доколку си запишан/а во избирачки список на една национална заедница, а се чувствуваш како припадник/чка на друга, измената можеш да ја извршиш во општинска односно градска управа и лично да бараш бришење на податоците од посебниот избирачки список од едната заедница и запишување во избирачки список на друга заедница.
  • Само откако ќе се запишеш во посебниот избирачки список, можеш да излезеш на изборите, односно да се потпиеш на електорската пријава и на тој начин да учествуваш во изборот на претставниците на советот.

Барањето за упис можеш да го преземеш ТУКА

Увид во посебниот бирачки список можеш да извршиш ТУКА

Советот на националното малцинство се избира еднаш на секои четири години и дури тогаш ќе имаш можност следниот пат да влијаеш на неговиот состав. Не ја пропуштај можноста да ги оствариш своите права и да избереш добри, квалитетни и вредни претставници во телото што ќе те претставува и кое може да ти помогне во различни области важни за твоето образование, информирање, култура и службена употреба на твојот мајчин јазик и писмо.

Важно е да се регистрираш во посебниот избирачки список, да гласаш и да се бориш за подобар совет, затоа што И ЗА ТЕБЕ Е ВАЖНО!

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button