ВестиКултураНајави

Гостување на македонскиот бенд АВЕЛИНА во Белград

Младит македонски world music бенд АВЕЛИНА во вторник, 25 април од 21 часот ќе има концерт во клубот ФЕСТ во Земун.

Истражувајќи ги корените на македонскиот фолклор во потрага по музичка инспирација и врската помеѓу современите музички текови и традиционалните народни мотиви, заедно откриваат мноштво изненадувачки сличности и разлики, кои ја истакнуваат посебноста на македонскиот фолклор. Токму тоа ќе го најдете во песните на Авелина, бенд кој се труди да ги избрише границите и да гради мостови кои ќе ги поврзат традицијата и модерниот живот. Настапите на Авелина нудат уникатно искуство, покрај класичен концертен настап, има и еден вид музичка медитација во која публиката е поканета да се вклучи во мантриското пеење со бендот.

Картите за концертот чинат 350 динари и се купуваат на билетарата на клубот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button