ВестиОбразование

Велигденска радост што гради иднина – од Јабука до Качарево и Пландиште

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, во повеќе средини во Јужен Банат беа реализирани активности насочени кон најмладите припадници на македонската заедница. Во градинките во Јабука, Качарево и Пландиште беа поделени велигденски пакетчиња за децата од предучилишна возраст, исполнети со симболика на празникот и пораки за заедништво, грижа и традиција.

Активностите се дел од пошироката стратегија на Националниот совет на македонската национална заедница, насочена кон промоција и унапредување на македонскиот јазик. Целта е уште од најрана возраст да се поттикне интересот кај децата и нивните родители за изучување на македонскиот јазик преку изборниот предмет во основното образование.

Во Јабука пакетчињата ги поделија претседателот на Извршниот одбор Благоја Соколовски, членот на Советот Милорад Младеновски, како и активистки од локалното македонско здружение. Во Пландиште, во активноста учествуваа претседателот на Извршниот одбор Благоја Соколовски и членот на Советот Новица Дукадиновски, додека во Качарево пакетчињата ги поделија претседателката на Советот Зорица Митровиќ и претседателот на здружението „Вардар“, Симо Најдовски.

Насмевките и позитивната атмосфера меѓу децата беа показател за значењето на ваквите иницијативи, кои придонесуваат за развивање на чувство на припадност, негување на културниот идентитет и приближување на традицијата до најмладите.

Ваквите активности претставуваат континуиран напор за зачувување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет во Република Србија, со посебен акцент на вклучување на младите генерации.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button