ВестиКултура

ВАСИЛ ХРИСТОВ ЈА РЕЖИРА ПРЕТСТАВАТА „ЛИМЕНИОТ БАРАБАН“ ВО ЈУГОСЛОВЕНСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ВО БЕЛГРАД

Македонскиот режисер Васил Христов ја поставува претставата „Лимениот барабан“ од германскиот нобеловец Гинтер Грас во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград. Адапатацијата на текстот е на Христов, а во тимот се и сценографот Константин Трпеноски и композиторот Никола Коџабашија.

„Лимениот барабан“ е еден од најважните романи на 20.век,  дело кое ги помести границите на книжевност, вели ЈДП, Во 1979 Фолкер Шлендорф го сними истоимениот култен филм, кој доби Златна палма на Канскиот филмsки фестивал, а исто така е и прв германски филм кој доби Оскар.

Текстот е за Оскар Мацерато, триесетгодишен пациент од психијатриска установа, кој како тригодишно момче, во пресрет на подемот на нацизмот и почетокот на Втората светска војна, решил да престане да расте. Протестирајќи против возрасните, Оскар ги коментира историските настани од детска перспектива, претставувајќи слика на светот кој се движи кон самоуништување.

Играат Миодраг Драгиќевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Небојша Миловановиќ, Зоран Цвијановиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ, Лазар Ѓукиќ, Тамара Шустиќ и Теодор Винчиќ.

Премиерата се очекува во декември, на големата сцена „Љуба Тадиќ“ во ЈДП.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button