ВестиКултура

Афирмација на мајчиниот македонски јазик во Белград

Здружението Македониум од Белград го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Библиотеката на градот Белград со пригодна програма чија цел е да го афирмира македонскиот јазик и културата.

Професорот и долгогодишен соработник на здружението Станислав Станковиќ го претстави неодамна објавениот Речник на македонските глаголи ,,Морфосинтакса на глаголите во македонскиот стандарден јазик” од авторот Жарко Бошњаковиќ, а во издание на Македонскиот информативен и издавачки центар. Професорот Станковиќ, кој што е и рецензент на овој речник истакна дека речникот е првата академска граматика на македоснкиот јазик во Србија и дека ќе биде воврстена во универзитетските наставни средства.

  • Речникот ќе им биде користен на студентите на српски јазик кои го слушаат македонскиот како предмет, но и на теоретичарите на јазикот и лингвистите – истакна Станковиќ.
  • Во оваа книга обработен е глаголскиот систем, творбата и употребата. Бидејќи тоа е најтешко, целиот семестар е посветен на глаголкиот систем на македонскиот јазик кои се разликува и од српскиот и од сите други словенски јазици. Поради тоа, книгата е примерена за студентите. Од научен аспект тоа е малку, бидејќи на научниците им треба повеќе, но ова е една педагошка книга.

Професорот Станковиќ го прочита и поздравното писмо од вториот рецензент на речникот проф. д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик во Скопје, за здружението Македониум и ангажманот во зачувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик во Белград.

Претседателката на здружението Македониум Зорица Митровиќ на професорот му ја подари монографијата на здружението.

Во културно уметничката програма Соња Конеска Жугиќ изведе дел од својата најнова монодрама ,,Везилка во моето село.”

Поетесата Искра Пенева го претстави литературниот конкурс, кое што здружението Макеодниум го објавува по повод одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button